ВОЗАЧ СО 2,57 ПРОМИЛИ УДРИ ВО ПАРКИРАНО ВОЗИЛО Приведен скопјанец во Аеродром, ќе одговара кривично

Инцидентот се случил вчера кога возачот на патничко возило од марката „субару“ удрил во паркирано „фолксваген голф“ со скопски регистарски таблички, сопственост на Љ.Р. (47) од Скопје.

831

56-годишниот скопјанец Н.А. е приведен откако на улицата Владимир Комаров во општина Аеродром со својот автомобил удрил во паркирано возило, а полицијата утврдила дека бил под дејство на алкохол – дури 2,57 промили во крвта.

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, инцидентот се случил на 15 јуни, околу 20:50 часот, кога возачот на патничко возило од марката „субару“ удрил во паркирано „фолксваген голф“ со скопски регистарски таблички, сопственост на Љ.Р. (47) од Скопје.






„При увидот и извршените тестирања, било утврдено дека лицето управувало возило под дејство на алкохол. Му беше измерено присуство од 2.57 промили, што претставува сериозно прекршување на безбедносните прописи и го загрозува животот на другите учесници во сообраќајот“, соопштија од СВР Скопје.

Возачот е задржан во полициска станица, а по целосното документирање на случајот, против него ќе биде поднесена кривична пријава по два члена од Кривичниот законик: член 297-а – „безобѕирно управување со моторно возило“ и член 288 – „предизвикување општа опасност“.

Поврзани содржини