Вооружен маж застрелан во Њујорк за време на божиќен концерт

Њујоршката полиција соопшти дека напаѓачот отворил оган пред црква во Харлем додека хор настапувал на скалите, пренесува Њујорк пост.

210

Полицијата уби маж кој пукаше од огнено оружје во близина на граѓани собрани на божиќен концерт на отворено пред црква во Њујорк.

Њујоршката полиција соопшти дека напаѓачот отворил оган пред црква во Харлем додека хор настапувал на скалите, пренесува Њујорк пост.






Тој пукал и кон полицијата, но никого не повредил.

– Тројца полицајци испукале кон вооружениот маж вкупно 15 куршуми. Бил ранет најмалку еднаш во главата и починал во болница од повредите – изјави началникот на Њујоршката полиција.

Пукањето се случи за време на закажаната бесплатна Божиќна претстава на скалите на историската црква, што ја одржа хорот.

Поврзани содржини