ВОНРЕДНА СОСТОЈБА ВО УКРАИНА! Можно е и воведување полициски час

Данилов рече дека претседателот на Украина, Володимир Зеленски, не разговарал за развој на нуклеарно оружје, што рускиот претседател Владимир Путин го опиша како стратешка закана за Русија.

806

Највисокиот украински безбедносен функционер Олексеј Данилов изјави дека Украина ќе прогласи вонредна состојба на целата своја територија, освен во регионите Доњецк и Луганск, каде оваа мерка е на сила од 2014 година.

Данилов рече дека вонредната состојба ќе трае 30 дена и дека може да се продолжи уште толку.






Проруските сили контролираат делови од Доњецк и Луганск од 2014 година, кои Русија ги призна како независни држави и одобри употреба на нејзината војска во странство.

Данилов рече дека претседателот на Украина, Володимир Зеленски, не разговарал за развој на нуклеарно оружје, што рускиот претседател Владимир Путин го опиша како стратешка закана за Русија.

ТАС пишува дека по потреба ќе биде воведен и полициски час.

Поврзани содржини