ВОЛКОВО КАКО ВЕНЕЦИЈА Се молиме да не заврне, оти водата ни се враќа дома (ВИДЕО)

Нема асфалт, нема канализација, нема водовод, нема атмосферска канализација. А таму каде што има, шахтите се полни со вода, се молиме да не заврне затоа што водата ни се враќа дома, наведено е во фејсбук страницата „Ѓорче Петров“.

3,898

На Фејсбук страницата „Ѓорче Петров“ вечерва е објавено видео на кое се гледаат поплавените улици во скопската населба Волково, откако краткотраен пороен дожд го зафати овој дел на скопската општина Ѓорче Петров.

„Живееме во 21 век, а во Волково нема што нема. Нема асфалт, нема канализација, нема водовод, нема атмосферска канализација. А таму каде што има, шахтите се полни со вода, се молиме да не заврне затоа што водата ни се враќа дома. Имаме пораки во инбокс за многу поплавени улици: Лука Геров, Мис Стон, Арсо Мицков, Рафаело Батино. Испратете ги сите, ќе го тагнеме градоначалникот Александар Наумоски“, наведедува страницата веднаш под видеото.






Поврзани содржини