Волковчанец ограбил пекарница, ама го фатиле
Како што е наведено во полицискиот билтен, 50-годишниот волковчанец бил приведен во полициската станица во Карпош, а по судска наредба бил извршен претрес во неговиот дом.
50-годишниот Д.К. од скопското село Волково вчера бил приведен поради тоа што во неделата извршил разбојништво во пекарница на улицата Московска во главниот град, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР).
Како што е наведено во полицискиот билтен, тој бил приведен во полициската станица во Карпош, а по судска наредба бил извршен претрес во неговиот дом.
„По целосно документирање на случајот, против Д.К. ќе биде поднесена соодветна пријава“, информираше МВР.