Водовод и канализација ја претстави својата мобилна апликација
ЈП Водовод и канализација – Скопје е првото јавно претпријатијатие во регионот кое ја овозможува оваа услуга за своите корисници. Мобилната апликација е достапна за Android и IOS.
ЈП Водовод и канализација – Скопје, следејќи го технолошкиот развој овозможува пристап до своите услуги на брз, лесен и едноставен начин, со воведување на мобилна апликација.
ЈП Водовод и канализација – Скопје е првото јавно претпријатијатие во регионот кое ја овозможува оваа услуга за своите корисници. Мобилната апликација е достапна за Android и IOS.
– Со инсталирање на апликацијата имате можност да се регистрирате како електронски корисник и преку мобилната апликација да пристапите до вашиот кориснички профил, да направите преглед на регистрираните кориснички броеви и доколку имате потреба да додате нов или да ги ажурирате вашите податоци. Со користење на мобилната апликација имате едноставна можност за плаќање на вашите фактури како и за пријава односно ажурирање на состојбата на вашиот водомер, само со внесување на бројот на водомерот и слика од истиот. Со мобилната апликација на ЈП Водовод и канализација – Скопје имате можност брзо, лесно и едноставно да пријавите дефект, но и да се информирате за тековните работи на терен, дефектите, новостите и известувањата дадени од претпријатието. Доколку сакате да нè посетите, искористете ја мапата во прилог на мобилната апликација и направете го тоа без проблем – велат од Јавното претпријатие.
Во соопштението исто така се вели корисниците своето време да го користат разумно и притоа да ја превземат нивната мобилна апликациија.
– Останете дома и почитувајте ги препораките од надлежните институции за спречување на ширењето на корона вирусот – велат во Водовод и канализација.