📽 ВОДИТЕЛ ВО САД ДОЗНА ДЕКА ИМА РАК ВО ЕМИСИЈА ВО ЖИВО Џерик се скаменил откако гостинката му ја соопштила дијагнозата
Додека докторката му ја прегледувала раката на водителот, забележала загрижувачко место, кое ги имало сите карактеристики на најчестиот вид рак на кожата – базалноклеточен карцином.
Неочекуван и емотивно набиен момент се случи во живо на емисијата „Добар ден Филаделфија“ на „Фокс њуз“ кога водителот Мајк Џерик дознал од дерматолог дека има рак на кожата.
Откритието го направи познатиот дерматолог д-р Џоана Вокер од Центарот за меланом „Тара Милер“ на Универзитетот во Пенсилванија.
Додека докторката му ја прегледувала раката на водителот, забележала загрижувачко место, кое ги имало сите карактеристики на најчестиот вид рак на кожата – базалноклеточен карцином.
– Ова ги има сите карактеристики на најчестиот вид рак на кожата – рече Вокер, оставајќи го Џерик „замрзнат“ додека ја сфаќал сериозноста на ситуацијата.
Вокер објаснил дека станува збор за рак „многу бавно прогресирачки“, кој сепак барал итно отстранување за да не се шири и да продолжи да ја уништува здравата кожа.
Џерик, видливо шокиран, прашал дали процедурата вклучува горење, на што докторот одговорил дека „веројатно ќе треба да се исече и сошие“.
– Ќе ме сошие и ќе си одам – хумористично забележал водителот и останал смирен.
Ракот на кожа е чест во САД
Ракот на кожа е најчестиот вид на рак во Соединетите Американски Држави, а статистиката покажува дека кај едно од 5 лица ќе биде дијагностициран овој вид на рак до 70-годишна возраст.
Околу д2 лица умираат од рак секој час во САД, но според Фондацијата за рак на кожа, стапката на преживување од меланом е 99 проценти ако се открие рано.
Клиниката Мајо забележува дека базалноклеточниот карцином најчесто се појавува на делови од телото изложени на сонце, како што се лицето, вратот и рацете.
Може да изгледа како розова или месеста испакнатина, па дури и сјајна црна дамка, особено на потемни тонови на кожата.
Избегнувањето на сонце и солариумот како и употребата на крема за сончање може да помогне во спречувањето на овој вид рак на кожата.
Телевизискиот канал потврди дека Џерик веќе закажал преглед за отстранување на дамката.
„Кога ми кажа за тоа, не бев загрижен. Само си реков: „О, ср*ње, требаше да го направам тоа одамна“, рече тој.
View this post on Instagram