Техничкиот премиер Оливер Спасовски во секој момент треба да даде изјава и да ги соопшти заклучоците што биле донесени на денешната лидерска средба во врска со мерките за заштита од коронавирусот.
На средбата присуствуваа лидерите на сите партии, а освен претседателите, на состанокот беше присутен и уште по еден претставник на СДСМ, на ВМРО-ДПМНЕ, на ДУИ, на Беса, на ДПА, на Алијансата за Албанците, како и на Алтернатива.
Главна тема на разговор беше коронавирусот, односно мерките за превентивна заштита од овој вирус.