ВО ВОЈНАТА И ТАКА И ТАКА, АМА ВО АНКЕТИТЕ ПУТИН ЖЕСТОКО ПОБЕДУВА 80 отсто од руските граѓани имаат доверба во него
Сепак, резултатите покажуваат дека има мал пад на довербата на јавноста за 1,6 отсто, во однос на претходната анкета, спроведена од 25 април до 1 мај.
Нивото на доверба на руските граѓани во рускиот претседател Владимир Путин е речиси 80 отсто, соопшти Центарот за истражување на јавното мислење во Свердловск. Сепак, тие резултати покажуваат дека има пад на довербата на јавноста за 1,6 отсто во однос на претходната анкета, спроведена од 25 април до 1 мај.
На прашањето за нивната доверба во Владимир Путин, 79,9 отсто од анкетираните Руси одговориле потврдно. Нивото на одобрување на работата на рускиот претседател беше 77,2 отсто (-1,7 отсто во однос на минатата недела), се наведува во извештајот.
Позитивните оценки за работата на премиерот Михаил Мишустин и руската влада во текот на изминатата недела паднаа на 52 (-1,0 отсто) и 51,1 отсто (-1,7 отсто).
Истражувањето е спроведено од 2 до 8 мај меѓу 1.600 испитаници на возраст над 18 години.