Во Тетово вршеле јавен превоз без дозвола и без лиценца, изгоре куќа и магацин во Ресен

438

ФАТЕН КРАДЕЦ ОД ГОСТИВАР – Вчера околу 22.30 часот, во с.Долна Бањица, гостиварско полициски службеници на Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода Р.С.(19) од Гостивар, поради постоење основано сомнение дека извршил кражба во објект во близина на гостиварскиот голем пазар. Лицето е задржано во Полициската станица Гостивар за понатамошна постапка и расчистување на случајот.

ВРШЕЛЕ ЈАВЕН ПРЕВОЗ БЕЗ ДОЗВОЛА И БЕЗ ЛИЦЕНЦА – Полициски службеници од Полициска станица за безбедност на патниот сообраќај-Тетово продолжуваат со засилени контроли во јавниот превоз на патници. Во вчерашните активности  биле откриени и санкционирани пет возила без лиценца за вршење на ваков вид превоз и на нивните сопственици изготвени им се соодветни кривични пријави.Во рамките на овие активности, исто така, биле откриени и санкционирани и пет лица кои ги управувале возилата без положен возачки испит и валидна дозвола за тоа, двајца возачи-почетници кои не се придржувале на законските ограничувања и други видови сообраќајни прекршоци.






БИТОЛЧАНИ ВОЗЕЛЕ ПИЈАНИ И БЕЗ ДОЗВОЛА – Во текот на вчерашниот ден полициските службеници од Секторот за внатрешни работи Битола ,на подрачјето на СВР Битола извршија контрола на возачите при што констатирано е дека тројца возачи управувале возило под дејство на алкохол при што истите се отстранети од сообраќај. Без возачка дозвола управувале шест возачи, а други девет возила биле нерегистрирани. На мобилен телефон разговарале четворица возачи, брзината ја надминал еден возач.За сите неправилности издадени се соодветни налози.

ИЗГОРЕ КУЌА, МАГАЦИН  И ТРАКТОР ВО РЕСЕН – На 10.11.2020 околу 12.30 часот во Полициска станица Ресен било пријавено дека на ул.,,Мите Трајчевски“ во магацин за складирање јаболка настанал пожар при што биле зафатени и кровната конструкција и куќа во сопственост на И.М. и Ж.М. двајцата од Ресен. Бил опожарен и трактор „Фергусон ИМТ 539“, дрвена конструкција од настрешница, дел од покрив и 700 гајби со јаболка. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на Полициска станица Ресен.

ТЕШКО ПОВРЕДЕН ТРАКТОРИСТ ВО СООБРАЌАЈКА – На 10.11.2020 во 17.20 часот на магистрален пат А-2 од Струга кон с.Подмоље, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „рено лагуна“ со вевчански регистарски ознаки, управувано од В.М.(23) од Вевчани и трактор „ИМБ 558“, управуван од С.А.(68) од Струга. Во незгодата С.А. се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Медицински центар Струга за укажување на лекарска помош. Увид на место извршила увидна екипа на Полициска станица Струга.

ПРИВЕДЕНА УКРАИНКА ВО УГОСТИТЕЛСКИ ОБЈЕКТ – Вчера околу 20.45 часот во угостителски објект во с.Добридол,гостиварско сопственост на Н.Р.(51) од с.Добридол, при акциска контрола од полициски службеници од Одделение за внатрешни работи Гостивар, била приведена А.Н.(20) од Р.Украина поради злоупотреба на туристички престој. Лицето е предадено на полициски службеници од Полициска станица Гостивар, за понатамошна постапка.

Поврзани содржини