ВО ТЕК Е ГОЛЕМА СПАСУВАЧКА АКЦИЈА Две лица со квадрицикл излетале во бездна длабока 20 метри

Од страна на ЦУК се известени и координирани МВР, Итната медицинска помош и Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје.

595

Пред околу еден час на бројот 112 е добиен повик за помош на две лица кои со квадрицикл излетале надвор од земјен пат и паднале во бездна длабока околу 20 метри, после с. Алдинци во близина на вила „Принц”, информираат од Центарот за управување со кризи.

Од страна на ЦУК се известени и координирани МВР, Итната медицинска помош и Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје.






– Во тек е спасувачка мисија за извлекување на двете лица кои се наоѓаат во стабилна здравствена состојба со засега неидентификувани повреди. На местото на несреќата е пристигната екипа на Итната медицинска помош но поради непристапноста на теренот се чека на тимот со специјална опрема од Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје, којшто се движи кон местото на несреќата и треба да пристигне во секој момент – стои во соопштението од ЦУК.

Поврзани содржини