Во страотна сообраќајка кај Ресен загинале две млади лица од Охрид

2,928

Две млади лица од Охрид загинаа во сообраќајна несреќа што денеска се случи на магистралниот патен правец Ресен – Битола, кај месноста наречена Макази.

Според првичните информации од полицијата, несреќата се случила околу 13.40 часот на излезот од Ресен во насока кон Битола, кога дошло до директен судар на патничко возило „Мерцедес“ со охридски регистерски таблички и товарно возило „Волво“.






Во сударот, на лице место на повредите им подлегнале Д.К. и Ј.К. од Охрид, кои биле во автомобилот.

На местото на несреќата извршен е увид кој треба да ги расветли причините за трагичниот настан.

Поврзани содржини