Во Словенија само девет новозаразени од ковид-19 и без починати

392

Словенечките здравствени власти објавија дека во земјата се направени 1174 нови тестирања за коронавирусот, а резултатите покажуваат дека има само девет новозаразени со коронавирусот.

Како што јави дописникот на МИА од Љубљана, изминатоте деноноќие ниту еден човек не починал како последица од Ковид-19.






Поради вирусот во болниците низ земјата се хоспитализирани вкупно 87 пациенти, а 25 се на одделите за интензивна нега.

Изминатите 24 часа, од здравствените установи се отпуштени четири пациенти кои оздравеле.

Поврзани содржини