ВО СКОПСКИТЕ ОПШТИНИ ИЗЛЕЗНОСТА Е ПОМАЛА 5 отсто излезност до 9 часот

Даштевски истакна дека сите избирачки места се отворени, а таму каде беше прекинато гласањето повеќе од еден час, ќе продолжи за толку колку што е прекинато.

468

Излезноста до 9 часот од вториот круг од локалните избори изнесува 5,25 проценти, информира претседателот на Државната изборна комисија, Александар Даштевски .на првата денешна конференција за печат.

Тој вели дека досега, според нивните информации ,гласале 56.700 гласачи од бројките со кои располагаат.






Висока излезност до 9 часот има во Ранковце 15,23 проценти, Конче 14,28 отсто, Пехчево 13,73, Зелениково 11,74 проценти, во Кратово 11,02 отсто, Пробиштип 10,94, Демир Хисар 10.88, Вевчани 10,51 и Ресен 9,18, а другите општини се под 9 проценти на излезност.

Даштевски истакна дека сите избирачки места се отворени, а таму каде беше прекинато гласањето повеќе од еден час, ќе продолжи за толку колку што е прекинато.

– Имаше неколку места во Скопје и неколку надвор во Скопје кои не беа отворени навреме, но сега сите се отворени. Тоа е заради технички причини, по едно место во Центар, Кисела Вода, Карпош, две во Сарај. Во Македонија технички проблеми кои се надминати имаше во Злетово на три места, Македонски Брод, Лабуништа и Чешиново Облешево – рече претседателот на ДИК.

Поврзани содржини