ВО РАДОВИШ ЌЕ СЕ ОТВОРИ СОВЕТУВАЛИШТЕ ЗА РИЗИЦИ ОД ИГРИ НА СРЕЌА Играта треба да биде забава

20

Видеолотарија Касинос Австрија, како општествено одговорна компанија, континуирано работи на едукација и информирање на играчите за ризиците што може да произлезат од прекумерното учество во игрите на среќа. Нивната цел е јакнење на јавната свест и промовирање одговорно однесување, со јасна порака дека играта треба да остане исклучиво форма на забава.

Преку низа активности за информирање, поддршка и превенција, компанијата воспоставува високи стандарди за одговорно приредување игри на среќа, со особен фокус на намалување на ризикот кај сите играчи, а особено кај ранливите категории.






Под слоганот „Играј одговорно“, во 2019 година беше формиран СОС тимот – прв од ваков вид во земјава. Истата година започна со работа и СОС линијата за поддршка, која нуди телефонско советување на бројот 072 809 809, како и електронска поддршка преку е-пошта. Зад оваа услуга стои тим од стручни психолози и советници, подготвени да понудат помош, насока и доверлив разговор.

Како дел од оваа мрежа за поддршка, Видеолотарија Касинос Австрија отвори и советувалишта во Скопје, Куманово и во Прилеп, а во тек се активности за отворање ново советувалиште во Радовиш, со цел услугите да бидат уште подостапни за граѓаните.

Како членка на Европската и на Светската асоцијација на лотарии, Видеолотарија Касинос Австрија поседува и сертификат за одговорно приредување игри на среќа, што дополнително ја потврдува нивната посветеност и сериозен пристап кон општествената одговорност.

Поврзани содржини