Во престрелка во Сараево повреден раперот Буба Корели

708

Раперот Буба Корели, помалку познат по неговото вистинско име Амар Хоџиќ, беше уапсен по вчерашното пукање во Сараево!

Информацијата ја потврди Министерството за внатрешни работи на  кантонот Сараево, за „Кликс.ба“.






Како што потврдија од полицијата, покрај Хоџиќ, уапсен е и човек со иницијали О. Ц., братучед на Буба Корели.

Вчерашната престрелка се случила во сараевската населба Ступ кога се судриле пет лица, меѓу кои Хоџиќ и неговиот братучед.

На пукањето наводно му претходела масовна тепачка во која се повредени две лица, после што биле пренесени на Клиничкиот центар на Универзитетот во Сараево.

 

Поврзани содржини