НА ДВЕ СТОЛИЦИ НЕ МОЖЕ ДА СЕ СЕДИ Таравари не кажува дали ќе излезе од Владата

314

Претседателот на Алијансата за Албанците, дел од Владата, Арбен Таравари во изјава за медиумите изјави дека се во постојана комуникација со премиерот Христијан Мицкоски, пренесува ТВ21.

Таравари не прецизираше кои ќе бидат следните чекори – дали ќе останат во Владата или не – но кратко рече дека јавноста ќе биде навремено информирана за понатамошните одлуки.






– На две столици не можеме да седиме. Пред два дена имав конструктивен разговор со премиерот Мицкоски, тој кажа и јас кажав што мислам и останавме на став да продолжиме со разговорите – подвлече Таравари.

Тој смета дека евентуалното напуштање на владината коалиција нема да предизвика парламентарна криза и беше недвосмислен дека тоа не може многу да влијае врз стабилноста на Владата.

– Не може да дојде до парламентарна криза, бидејќи има бројки. И без на нас има 73 што е мнозинство. Може да се случи и некој пратеник од „фронтот“ да влезе во Влада, па така сметам дека нашето излегување нема да биде проблем за делување на владата. Нашата интенција и тенденција не е да предизвикаме политичка криза – рече министерот за здравство Арбен Таравари.

За евентуална соработка со доскорешните партнери во коалицијата Вреди, тој кажа дека не останало простор за да се преговара и дека сега се сконцентрирани на локалните избори.

Поврзани содржини