ВО ОЧЕКУВАЊЕ НА ПРЕСУДНАТА БИТКА ЗА КИЕВ Украинците тврдат дека ги поседуваат руските планови (ВИДЕО)

Според поголем број на медиуми, наскоро се очекува да започне пресудниот напад на украинската престолнина, а руските сили во моментов го чекаат засилувањето од повеќе од 1.000 оклопни возила.

1,409

Во текот на ноќта и утрото, руската авијација бомбардираше цели во Киев, каде беа погодени повеќе објекти.

 






Според поголем број на медиуми, наскоро се очекува да започне пресудниот напад на украинската престолнина, а руските сили во моментов го чекаат засилувањето од повеќе од 1.000 оклопни возила.

Во текот на коќта силни експлозии одекнуваа и во Харков, во чии предградија веќе неколку дена се водат улични борби меѓу руските и украинските војници.

 

Според извешатите од фронотот, руската војска напредува во областа Запорожје, каде под контрола е ставена нуклеарната централа. Би-би-си јавува за зголемена концентрација на десантни бродови крај Одеса, каде уште вчера се стравуваше од десант на руските маринци.

 

Украинската воена команда истакна дека ги поседува плановите на руската војска, за која истакна дека е деморализирана и се повелува од сите позиции.

За денеска е закажана втората рунда на мировните преговори помеѓу завојуваните страни.

Поврзани содржини