ВО НЕКОИ ОБВИНИТЕЛСТВА НЕМА НИТУ ЕДЕН ДАКТИЛОГРАФ Недостигаат околу 700 службеници во обвинителствата

138

Обвинителствата немаат доволно кадри. Се зборува за зголемување на администрација, а никој не кажува дека токму во судството се намалува администрацијата, истакна претседателот на Советот на јавни обвинители, Антонио Јолевски, по денешната седница на Советот на кој се разгледуваше Предлог проекцијата за буџетот и Стратешкиот план на Советот.

Во овој момент се чека од Министерството за финансии и од Министерството за информатичко општество да одобрат нови вработувања.






Според извештаите, има 380 вработени во сите обвинителства од потребни 1.100, а одредени обвинителства немаат ниту еден дактилограф.

– Пополнувањето на јавните обвинителски места навистина ни е приоритет. Имаме четири обвинителства со по еден обвинител, едно обвинителство кое 10 години е без обвинител, а имаме и други обвинителства со двајца-тројца обвинители од потребни седум или осум. За граѓаните да можат да ја добијат својата помош и услуга, треба да има и лица кои би им помогнале – изјави Јолевски.

 

Поврзани содржини