Во Лондон за 5 дена подигната е болница за 4.000 пациенти ВИДЕО
Во неа ќе бидат сместени само пациентите болни од коронавирусот и кои немаат никакви други здравствени проблеми или хронични болести.
Британската агенција за јавно здравство со помош на војската за пет дена во конференциската сала ExCel во Лондон направиле болница која може да прими 4.000 пациенти.
Во неа ќе бидат сместени само пациентите болни од коронавирусот и кои немаат никакви други здравствени проблеми или хронични болести. Потешките случаи и натаму ќе бидат лекувани во главните болници во земјата.
Болницата заесга ќе има 2.000 кревети, но капацитетот по потреба ќе може да се прошири до 4.000 кревети.
– Ние сме навиканати на борба, но ова е борба која се уште не сме ја виделе. Се бориме против невидлив непријател, а немаме ни многу време. Планирањето траеше многу кусо и презадоволни сме како ислезе. Ако треба, ние ова можеме да го направиме било каде во светот – изјавила полковничка.
Timelapse footage of the transformation of London’s ExCeL Centre into a temporary hospital for coronavirus patients – The Nightingale Hospital. pic.twitter.com/5ZKWcYRcB7
— Bobbie☀️ (@bo66ie29) April 1, 2020