Во болниците низ земјава и на инфективните одделенија во Скопје се лекуваат 766 пацинети позитивни и суспектни на коронавирусот, а во текот на вчерашниот ден во ковид-центрите во Скопје биле хоспитализирани нови 34 пациенти.
Од Министерството за здравство оценуваат дека бројот на приеми во изминативе денови е стабилен и наведуваат дека сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород и дека има околу 450 празни болнички кревети во ковид-центрите.
Вчера во ковид – центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 426 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот.