Во Канада бензинот е поевтин од водата
Преземени се владини мерки за затворање на сите бизниси кои не се основни во животот, но отворени се продавниците за храна, аптеките, банките и медиумите.
Во Канада засега нема никакви недостатоци освен тоалетна хартија, а цената на бензинот е пониска од цената на литар вода.
Професор д-р Борис Сакиќ, професор на Универзитетот МекМастер, раскажува за „РТС“ дека ситуацијата во Канада е стабилна, а смртноста е околу еден процент.
– Во моментов има околу 3.400 пациенти и 31 починат. Преземени се владини мерки за затворање на сите бизниси кои не се основни во животот, но отворени се продавниците за храна, аптеките, банките и медиумите – вели Сакиќ.
Кога станува збор за цената на основните намирници за живот, Сакиќ наведува дека тие не се променети, но дека цената на бензинот е помала од цената на литар вода.
– Нема недостатоци, освен тоалетна хартија – вели професор на Универзитетот МекМастер.