Во кафуле во скопски Бутел пукано кон општински советник

Според информациите на ТВ Алсат, станува збор за инцидент во кафулето Султан, каде советникот на масата седел со уште едно лице.

1,936

Околу 19 часот едно лице пукало со огнено оружје, односно со пиштол во кафуле во скопската населба Бутел, јавува Алсат телевизија.

Според неофицијални информации на телевизијата,  цел на нападот биле општински советник и едно друго лице. Според информациите, станува збор за инцидент во кафулето Султан, каде советникот на масата седел со уште едно лице. Засега нема информации за повредени или за загинати. Полицијата го истражува настанот.

Поврзани содржини