Во изминатата ноќ се опожарени две возила

403

Во текот на ноќта во екипи на СВР Скопје извршиле увид на две места во Градот, откако било пријавено дека се запалени две возила.

Првиот случај бил пријавен во 03.32 часот во СВР Скопје дека на ул.„Рајко Жинзифов“ настанал пожар на патничко моторно возило „Ауди А4“ со скопски регистарски ознаки сопственост на Д.Г.(29) од с.Мршевци при што опожарен бил предниот дел на возилото. Пожарот е изгаснат од противпожарната единица Скопје. Увид ќе се врши во текот на денот.






Додека вториот се случил на ул.„Алпи“ во Скопје околу 00.15 часот кога две непознати лица полиле запалива течност врз паркирано патничко моторно возило „Сузуки“ со скопски регистарски ознаки, кое потоа го запалиле, при што возилото било опожарено во делот на десно крило, десно предно тркало и еден дел под хаубата, додека друго паркирано патничко моторно возило „Опел Корса“ со скопски регистарски ознаки било само полиено со запалива течност но не било запалено. Девте возила се сопственост на С.М.(62) од Скопје.

Пожарот е изгаснат од сопственикот. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.

Поврзани содржини