Во Италија за 24 часа умреле 651 лица, вкупно 5.476
Од вкупниот број на заразени од вирусот досега заздравеле 7.024 лица , а на интензивна нега се уште се наоѓаат 3.009 лица.
Во последните 24 часа во Италија од коронавирусот умреле нови 651 лице, со што бројот на жртвите се зголеми на 5.476, соопштија вечерва италијанските здравствени власти.
Во Италија од Ковид-19 се заболени 59.138 лица односно бројот на новозаболени нарасна за 10,4 отсто, што е најмал раст откако болеста „експлодира“ на 21 февруари, пренесоа британските медиуми.
Од вкупниот број на заразени од вирусот досега заздравеле 7.024 лица , а на интензивна нега се уште се наоѓаат 3.009 лица.
Најпогоден е регионот Ломпардија, каде се регистрирани 3.456 смртни случаи и 27.206 заразени лица.