ВО ГЕРМАНИЈА СЕ РАЗМИСЛУВА ЗА ЗАДОЛЖИТЕЛНА ВАКЦИНАЦИЈА Министерот Шпан вели дека веќе е доцна

Треба да се воведе задолжителна вакцинација во установите каде што се обезбедува грижа за особено ранливите групи - рече идниот германски канцелар, ветувајќи дека ќе се испитаат практичните аспекти.

366

Сè поголема е поддршката за идејата за воведување задолжителна вакцинација во Германија бидејќи социјалдемократот Олаф Шолц, кој наскоро треба да стане нов канцелар, најавува задолжителна вакцинација за некои групи работници.

Задолжителна вакцинација во некои категории?






– Вакцината е излезот од оваа пандемија – им рече Шолц на новинарите во средата на презентацијата на програмата на новата тричлена владејачка коалиција.

– Треба да се воведе задолжителна вакцинација во установите каде што се обезбедува грижа за особено ранливите групи – рече идниот германски канцелар, ветувајќи дека ќе се испитаат практичните аспекти.

На состанокот со канцеларката во заминување Ангела Меркел минатата недела, лидерите на германските провинции побараа од федералната влада итно да воведе задолжителни вакцини за здравствените работници и оние кои работат во социјална заштита.

Шолц постави план од седум точки за да и помогне на Германија да одговори на четвртиот бран на пандемијата на коронавирусот, кој го следи најголемиот број на инфекции до сега и се заканува да доведе до преоптоварување на болниците.

Дел од планот на идната владејачка коалиција на Социјалдемократите (СПД), партијата на левиот центар, Зелените и Слободните демократи (либерали) е да се формира тело составено од експерти кои ќе ја информираат администрацијата за пандемијата за дневна основа.

Бонус за здравствена заштита

Здравствените работници и социјално треба да добијат бонус, за што идната коалиција одвои милијарда евра.

Шолц, исто така, вети силен поттик да се вакцинираат повеќе луѓе и да добијат повеќе дози за засилување. Ова вклучува проширување на капацитетите во постоечките центри за вакцинација и користење мобилни тимови за вакцинација низ целата земја.

Сето ова беше објавено по коалициските разговори, околу осум недели по парламентарните избори. И покрај растечкото ширење на коронавирусот, владата на Ангела Меркел во заминување не сакаше да преземе решителни чекори додека го чекаше формирањето на нова владејачка коалиција, чија влада треба да положи заклетва до новата година.

Речиси 70 отсто од испитаниците ја поддржуваат задолжителната вакцинација

Во меѓувреме, јавната поддршка за задолжителната вакцинација значително се зголеми, при што силно мнозинство ја одобрува таквата мерка, покажа анкетата на „YouGov“ објавена во средата.

Институтот вели дека 69 отсто од испитаниците ја поддржале задолжителната вакцинација, додека 23 отсто се противат на таквата мерка.

Две недели претходно, само 44 отсто од анкетираните за институтот рекоа дека ја поддржуваат задолжителната вакцинација, додека 27 отсто беа против.

Владата во заминување претходно ја отфрли задолжителната вакцинација, но во последните денови германските политичари се повеќе се изјаснуваат за воведување задолжителна вакцинација.

Во средата, Министерството за одбрана донесе одлука за задолжителна вакцинација против ковид-19 за припадниците на вооружените сили на Бундесверот.

Голем број регионални лидери, вклучително и градоначалникот на Берлин, Мајкл Мулер и премиерите на провинциите Хесен и Баден-Виртемберг, Фолкер Буфиер и Винфрид Кречман, ја изразија својата поддршка за воведување задолжителна вакцинација.

Министерот за здравство смета дека задолжителната вакцинација не е решение

Сепак, министерот за здравство Јенс Шпан во вторникот повтори дека не ја гледа задолжителната вакцинација како решение во сегашниот бран на инфекции.

– Тоа не го решава акутниот проблем, ефектот би дошол предоцна – изјави Шпан за „Deutschlandfunk“.

Во моментов, 68,1 отсто од германската популација е вакцинирана со двете дози од вакцината.

Сојузните држави, Баварија на југ, Саксонија на исток и Тирингија во централна Германија вратија сеопфатни затворања слични на карантин, додека бројот на инфекции се заканува да ги преполни болниците.

Низ целата земја, невакцинираните се соочуваат со сè повеќе јавни ограничувања, како што се забрани за влез во клубови, ресторани, барови, па дури и во некои продавници во сериозно погодените региони.

Од среда, во сила се нови правила според кои луѓето мора да се вакцинирани, да го прележале коронавирусот или да имаат негативен тест за да стигнат на работа. Истото важи и за качување во возови и автобуси.

Поврзани содржини