Во Дојран под клуч игралиштата, рекреативнитe терени, спортскитe центри

Градоначалникот Анго Ангов соопшти дека сите детски игралишта, во и надвор од училишните дворови, рекреативни терени, спортски центри и јавни површини се затворени за употреба и истите се обележани со ленти за забранет влез и апелираше до граѓаните доследно да ги почитуваат и да постапуваат по мерките.

367

Согласно последните владини мерки за заштита од ширење на корона вирусот, Општина Дојран воведе засилени активности на територијата на целата општина.

Градоначалникот Анго Ангов соопшти дека сите детски игралишта, во и надвор од училишните дворови, рекреативни терени, спортски центри и јавни површини се затворени за употреба и истите се обележани со ленти за забранет влез и апелираше до граѓаните доследно да ги почитуваат и да постапуваат по мерките.

Општината Дојран им препорача на граѓаните да посветуваат големо внимание на личната хигиена и на дезинфекцијата на своите домови за заштита од корона вирусот.

Поврзани содржини