Во болница завршија 10 нови пациенти поради компликации со ковид-19

Во Скопје е примен еден пациент и девет пациенти во болниците низ земјава. Дома се пуштени 22 оздравени пациенти, соопшти Министерството за здравство.

473

Десет пациенти се хоспитализирани поради компликации од коронавирусот во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје и во земјава, соопшти Министерството за здравство.

„Во Скопје е примен еден пациент и девет пациенти во болниците низ земјава. Дома се пуштени 22 оздравени пациенти. Според информациите од Министерството за здравство, на инфективните одделенија во земјава се лекуваат вкупно 90 лица сомнителни и потврдени на ковид-19. Од нив, 26 се во Скопје и 64 во ковид центрите во болниците во Битола, Штип, Тетово, Велес, Куманово, Охрид, Прилеп, Гостивар, Струга, Струмица и Кичево. Во ГОБ ‘8 Септември‘ во Скопје има вкупно девет болни, а на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби 17 пациенти“, се вели во соопштението.

Поврзани содржини