Во битката со ковид-19 се вклучуваат и 56 приватни интернисти
Се мобилизираат лекарите. В среда ќе одржиме состанок со приватните интерснисти кои се 56 на број. Половина од нив се од Скопје, а останатите од други градови - рече министерот.
Министрот за здравство, Венко Филипче на денешната прес-конференција рече дека веќе е одржан состанок со Лекарската комора, а за в среда закажан е и состанок на кој ќе се разговара за вклучување на приватните интернисти во процесот за справување со коронавирусот.
– Се мобилизираат лекарите. В среда ќе одржиме состанок со приватните интерснисти кои се 56 на број. Половина од нив се од Скопје, а останатите од други градови. Ќе разговараме за нивно вклучување во системот на дежурства – изјави Филипче.