Во авион кој слетува од Брисел во Скопје повеќе патници со симптоми, останатите во самоизолација или во други капацитети
Имаме најава дека во авион кој пристигнува од Брисел во Скопје има повеќе луге со симптоми на корнавирусот, ќе се направи веднаш тестирање, по што ќе решиме што ќе правиме со останатите патници – дали ќе одат во домашна изолација или во други капацитети – изјави вечерва
министерот за здравство, Венко Филипче.
Сите патници коишто се со симптоми на инфекција со коронавирус по добивање на резултатите, доколку истите се позитивни, ќе бидат префрлени на Инфективната клиника, а другите патници ќе чекаат на аеродромот каде ќе им биде направен скрининг. Потоа, согласно распоредот на седење во авионот, ќе биде решено дали тие ќе бидат во задолжителна самоизолација ставени или ќе се префрлат во некои од капацитетите за изолација.
Владата попладнево реши нашите државјани кои стасуваат од Италија на граничниот премин во Деве Баир да се превезуваат со конвои директно во Криволак каде ќе престојуваат 14 дена.