📽 ВО ЈАНУАРИ ЌЕ СЕ ВОЗИМЕ ОД КИЧЕВО ДО ОХРИД ПО НОВИОТ АВТОПАТ Така ни беше ветено

Во јануари 2024 година по тој пат мора да се вози со автомобили од Кичево до Охрид. Нема изговори и нема предавање, затоа што секоја цел е достижна - велеше премиерот Димитар Ковачевски пред две години.

3,090

„Стани Благоја да те видат сите“ го повика премиерот Димитар Ковачевски министерот за транспорт и врски Благој Бочварски во ноември 2022 година, ветувајќи дека во јануари 2024 година ќе се возиме од Кичево до Охрид по новиот автопат, со упатство до министерот и уверување дека целта е достижна.

– Одговорен за патот да биде готов во јануари 2024 си ти како министер за транспорт и врски. И затоа, Благоја еве го тука, стани Благоја да те видат сите! Дајте му поддршка затоа што јануари 2024 година по тој пат мора да се вози со автомобили од Кичево до Охрид. Нема изговори и нема предавање, затоа што секоја цел, Благоја, е достижна, ако седнеш со твоите колеги,  ако секои две недели гледате и работите со надзорот, со изведувачите, верувај ми дека таа цел е достижна и во јануари ќе можеш сите да не повикаш во 2024 година да се возиме по тој автопат – вели Ковачевски во говорот од пред две години.

 






 

Во ноември 2023 година излезе дека целта сепак, не била достижна и ништо од возењето по автопатот Кичево-Охрид на кој сѐ уште не му се гледа крајот.

Сега Ковачевски вели дека е „недозволиво еден автопат од 40 километри да се гради над десет години и сѐ уште да не биде направен“, бара ревизија на проектот, раскин на договорот и нов изведувач.

– Сметам дека е недозволиво еден автопат од 40 километри да се гради над десет години и сѐ уште да не биде направен, притоа да се бара повторно продолжување што треба да оди пред пратениците. Од таа причина ќе побарам ревизија на овој проект, и со оглед на тоа што проектот од низа причини не е завршен десет години, сметам дека треба да се размислува и во насока на раскинување на договорот и барање изведувач што ќе го изгради на квалитетен начин, а не да гледаме десет години да се прави пат, да се инвестираат пари, а да нема досега пуштен ниту еден метар од автопатот – рече Ковачевски во вчерашната изјава.

Поврзани содржини