ВНУКАТА НА МУСОЛИНИ ГО ОСВОИ РИМ Рашел доби најмногу гласови на изборите

Запрашана за нејзините ставови за фашизмот, таа изјави: „За да се занимаваме со оваа тема, ќе треба да разговараме до утре наутро“.

2,095

Рашел Мусолини, внука на италијанскиот фашистички диктатор Бенито Мусолини, освои најмногу гласови на изборите за градскиот совет во Рим, покажаа официјалните резултати.

Застапувајќи ги Браќата на Италија (Fratelli d’Italia), која доаѓа од неофашистичката конзервативна партија на Италијанското социјално движење, Мусолини доби 8.264 гласови, пишува Си-Ен-Ен.






Во интервју за весникот „Ла Република“, Мусолини вели дека верува дека гласачите биле помалку фокусирани на нејзиното презиме, а повеќе на „иницијативите“ што ги започна за време на нејзиниот мандат во градскиот совет.

Запрашана за нејзините ставови за фашизмот, таа изјави: „За да се занимаваме со оваа тема, ќе треба да разговараме до утре наутро“.

Поврзани содржини