ВМРО-Народна: Да се подигне споменик на Велимир Прелиќ, кој бил убиен од Мара Бунева
Прелиќ беше испратен од страна на кралот Александар Караѓорѓевиќ да го заштити македонскиот национален идентитет и да го прошири македонскиот јазик во училиштата, се наведува во соопштението од ВМРО-НП.
ВМРО-Народна партија предлага да се подигне споменик на Велимир Прелиќ, кој бил убиен од Мара Бунева на денешен ден, а за кого вели дека бил голем хуманист, почитувач и заштитник на Македонците.
– На денешен ден, 13 јануари од страна на „пробугарската“ платеничка, тетовчанката Мара Бунева беше убиен Велимир Прелиќ, голем хуманист, почитувач и заштитник на Македонците. Господинот Велимир Прелиќ беше испратен од страна на кралот Александар Караѓорѓевиќ да го заштити македонскиот национален идентитет и да го прошири македонскиот јазик во училиштата. Велимир Прелиќ исто така потсетува за „убавото време на Македонија“ меѓу двете светски војни, како што е запишано во целата наша историографија, на големите слободи и хармонија во која се живееше во истиот цел тој период сѐ додека таа македонска еманципација не ја прекинаа бугарските окупатори. ВМРО-Народна партија предлага да се подигне споменик на Велимир Прелиќ за овој познат миротворец, затоа што семето кој тој го има посадено во Македонија очигледно фатило цврста почва па затоа денеска ние се чувствуваме повеќе како наследници на неговото отколку на делото на сите негови жртви – се наведува во соопштението од партијата.
Затоа