ВМРО-ДПМНЕ: Заев нема мнозинство, бара техничка влада оти е слаб

Нема вакцини, нема лекови по аптеките. Заев е неспособен и време е да си замине. Со криминалци ВМРО - ДПМНЕ нема да прави коалиција, наведено е во соопштението од партијата на Христијан Мицкоски.

325

Заев нема кворум во Собрание, нема мнозинство, тој бара техничка влада затоа што е слаб, обвини опозициската ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.

„Зоран Заев ја доведе државата и институциите до момент на нефункционалност. Желбата за власт по секоја цена ја закочи државата. Собранието и вчера не можеше да функционира исто како што не може да функционира веќе месеци наназад. Институциите се сосема нефункционални. Заев гласајќи и мерејќи ја својата самодоверба, само си ги продолжи маките, и негови, но и на државата. Заев знае дека тоне. Тој ја донесе Македонија до скоро 7 милијарди јавен долг, нови 55.000 невработени, 6.200 затворени фирми. Нема вакцини, нема лекови по аптеките. Заев е неспособен и време е да си замине. Со криминалци ВМРО – ДПМНЕ нема да прави коалиција“, наведено е во соопштението.

Поврзани содржини