ВМРО-ДПМНЕ СЕ СТАВИ НА РАСПОЛАГАЊЕ ДА ПОМОГНЕ ВО ТЕТОВО Мицкоски повика на итна мобилизација на институциите
„Нашите мисли се со семејствата и луѓето кои вечерва се таму и се соочуваат со оваа тешка катастрофа“, напиша Мицкоски на фејсбук.
Апелираме за итна и брза мобилизација на институциите во справување со катастрофалниот пожар во Тетово, напиша на својот фејсбук профил лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски откако во ковид центарот цво тетово изби пожар во кој има и жртви.
„ВМРО-ДПМНЕ уште вечерва се става на располагање да помогне во надминување на состојбата.
Изразуваме надеж дека нема човечки жртви. Нашите мисли се со семејствата и луѓето кои вечерва се таму и се соочуваат со оваа тешка катастрофа“, напиша Мицкоски.
Вечерва изгоре ковид центарот во Тетово.