ВМРО-ДПМНЕ продолжува со интензивна соработка со Конрад Аденауер

Главен акцент на средбата беше ставена на разговорите за идни проекти насочени кон јакнење на капацитетите на партијата.

300

Денеска претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, заедно со потпретседателот Александар Николоски и секретарот за меѓународна соработка Тимчо Муцунски оствари средба со новиот Директор на Фондацијата Конрад Аденауер во Македонија, Даниел Браун.

Мицкоски му посака добредојде и успешна работа во Македонија, а двајцата се сложија дека соработката помеѓу Фондацијата и ВМРО-ДПМНЕ ќе остане на високо ниво, но и ќе се засилува.






– Уште еднаш се афирмирани одличните релации помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и Фондацијата Конрад Аденауер – официјална Фондација на ЦДУ. Главен акцент на средбата беше ставена на разговорите за идни проекти насочени кон јакнење на капацитетите на партијата. Преку проекти и настани на Конрад Аденауер поминале цели генерации на политичари на ВМРО-ДПМНЕ – стои во партиското соопштение.

Претседателот Мицкоски ги афирмираше принципиелните заложби на ВМРО-ДПМНЕ за евроинтеграција на Република Македонија, но истакна и благодарност за поддршката која ја добиваме при тоа од Фондацијата и Германија.

Поврзани содржини