ВМРО-ДПМНЕ ОЧЕКУВА ОГРОМНА ПОБЕДА ВО ВТОРИОТ КРУГ Очекува и убедлива победа во Скопје
Очекуваме огромна победа во секоја општина во која имаме кандидат за градоначалник. Очекуваме убедлива победа во Скопје – рече Валентин Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ одговарајќи на новинарско прашање.
Изборниот ден помина во мирна и достоинствена атмосфера. ВМРО-ДПМНЕ очекува одличен изборен резултат. Очекуваме во вториот круг разликата да се зголеми во наш прилог. Очекуваме голема победа, изјави Валентин Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ вечерва на прес конференција.
– Очекуваме огромна победа во секоја општина во која имаме кандидат за градоначалник. Очекуваме убедлива победа во Скопје – рече тој на новинарско прашање.
– Знаеме дека граѓаните очекуваат резултати, ние таа доверба нема да ја изневериме. Од утре продолжуваме со работа, со уште поголема посветеност и одговорност – додаде Манасиевски.
Тој ги оцени изборите во вториот круг како фер и демократски избори.
– Македонија имаше европски избори после долго време. Со гордост можеме да кажеме дека Македонија покажа зрелост и помина низ мирни избори – додаде Манасиевски.