ВМРО-ДПМНЕ: На мафијата на власт им чини послушен јавен обвинител

228

На мафијата на власт предводена од Зоран Заев им чини послушен јавен обвинител за да не се реагира за криминалот на Заеви, одговори портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски на изјавата на министерот за правда Бојан Маричиќ дека политичарите не треба да бираат јавни обвинители, со што го одби барањето на лидерот на опозициската партија Христијан Мицкоски опозицијата да предложи јавен обвинител.

– Не се реагира за случајот „ШИК Јелак“ и спонзорот Дака, не се реагира за Вице, не се реагира за Филипче, не се реагира за Драги Рашковски и скандалот во воздухопловството тежок неколку милиони долари и евра, не се реагира за ништо за ниеден случај, а сѐ се тоа милионски скандали изброени во евра, ниту за рекетирање, ниту за подмитување дури нема случај ниту за прислушувањето во самото Основно јавно обвинителство. На мафијата на власт им одговара јавен обвинител којшто ќе ја штити мафијата слободно да царува  и јавен обвинител кој што јавно ќе искаже целосна субјективност и загубена објективност, којшто се потребни и основни карактеристики на еден јавен обвинител.  Потребен им е јавен обвинител којшто ќе вели дека опозицијата му предизвикува анксиозност, непријатност и нервоза.Тоа е вистина но и причината зошто некои личности во моментот се гонат, а некои се ослободуваат од судските нарачани процеси – рече Стоилковски.

 

Поврзани содржини