ВМРО-ДПМНЕ: Марин дава половина милион евра за изграден парк, а не ги ослободува родителите од паушал

Актуелен проблем кој упорно одбива да го реши градоначалникот е ослободување на плаќање на паушали за градинките во услови кога родителите не добиваат услуги за тоа, нивните пари ги троши за скапи паркови на места каде веќе парковите постојат - изјави Антовски.

606

Градоначалникот на општина Аеродром Златко Марин плаќа половина милион евра за парк кој е веќе изграден, а нема пари за да ги ослободи родителите од плаќање паушал за градинки, обвинија од Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Општина Аеродром.

– Денес сме на местото на новиот скандал во чие средиште е градоначалникот Златко Марин. Марин преку општинската каса ќе плати речиси половина милион евра за реконструкција на веќе постоечки парк во време кога огромниот број на граѓани немаат паркови или пак истите се руинирани – вели Советникот Пане Антовски.






Тој додава дека Градоначалникот ќе троши половина милион евра пари на граѓаните за прекопување на постоечки парк иако граѓаните бараат сервисирање и решавање реалните проблеми.

– Актуелен проблем кој упорно одбива да го реши градоначалникот е ослободување на плаќање на паушали за градинките во услови кога родителите не добиваат услуги за тоа, нивните пари ги троши за скапи паркови на места каде веќе парковите постојат – изјави Антовски.

Од Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ го запрашаа Златко Марин дали преку изградбата на паркот од половина милион евра каде веќе постои постоечки парк, не се перат пари на граѓаните на Општина Аеродром?

Потоа, зошто на тендерот е избран поскапиот понудувач и каква врска има оваа компанија со Марин ако се знае дека веќе истата ја изработуваше преплатената Боемска улица во Центар?

Тие го обвинија Марин наместо да решава проблеми тој создава проблеми и дека Општината ја претвора во пералница за пари.

 

Поврзани содржини