ВМРО-ДПМНЕ: Интригантските игри на „Мериот“ коалицијата му служат на Заев, нема да нѐ ослабнат!

1,004

Една помала група поранешни функционери на ВМРО-ДПМНЕ кои наместо да се фокусираат на борбата против Зоран Заев, одбраа да служат на неговите интереси и денес кога уште не е изгласана новата Влада на Заев, со стари и компромитирани транзициски кадри побараа нов конгрес и дадоа изјава пред седиштето на партијата, реагира ВМРО-ДПМНЕ по изјавата на поранешната пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ Весна Дамчевска-Илиевска, која денеска побара оставка од лидерот Христијан Мицкоски и вонреден конгрес за избор на нов лидер на партијата.

„Во насока на транспарентноста тие веднаш беа поканети на средба со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и со раководството, при што тие за жал, не изразија подготвеност за отворена и конструктивна средба бидејќи немале таква насока. ВМРО-ДПМНЕ за разлика од СДСМ е организирана и демократска партија, при што истите ги повикуваме нивната иницијатива да ја достават до партијата и таа ќе биде разгледана од Централниот комитет на партијата. За ВМРО-ДПМНЕ наместо интригантските игри на ‘Мериот’ коалицијата која им служи на интересите на Заев, поважна е борбата против катастрофалното управување на државата. Тоа е главниот приоритет за партијата и ВМРО-ДПМНЕ и во иднина нема да се занимаваме со нивната намера да ја ослабат партијата и да помогнат на партијата на власт“, се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани содржини