ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните се незадоволни од оваа власт и бараат промени

374

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и денеска ја продолжија својата агенда предвидена за престојниот период насловена „Пратениците со народот” и остварија средба со граѓани од повеќе населени места, се наведува во партиското соопштение.

Владо Мисајловски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник во Собранието заедно со пратеникот Бојан Стојаноски и пратеничката Дафина Стојаноска денеска остварија средба со граѓаните од населеното место Волково. Тие заедно со граѓаните порачаа дека потребно е поорганизирана општина Ѓорче Петров која ќе биде едно огромно градилиште, а не извор на криминал како што е сега. Во текот на средбата граѓаните исто така потенцираа дека голем акцент треба да се стави на економијата, невработеноста како и на здравството за Македонија да биде подобро место за живеење за сите граѓани.






Жаклина Пешевска, пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ и претседател на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ ги посети граѓаните од населените места Трубарево, Ергеле, Гоце Делчев, Идризово и Дрма.

– Граѓаните се разочарани од лагите на власта. Нема реализација на проекти, нема нови градинки, времето е застанато со промената на власта. Доаѓаат промени на локалните избори – истакна Пешевска.

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков го посети населеното место Мородвис. Граѓаните посочија дека разочарувањето од централната власт е огромно и овде. Исто така тие укажаа на задоцнети и селективни субвенции за земјоделците кои ги прави оваа криминална влада како и предавствата на Национално ниво што ги изврши Зоран Заев. Поради сето тоа на Македонија и се потребни промени и оваа криминална власта на СДСМ да замине на темната страна на историјата.

Поврзани содржини