ВМРО-ДПМНЕ ГО УРНИСА РЕК БИТОЛА Мицкоски купуваше струја за 200 евра мегават и кога немаше криза, тврди СДСМ

Од СДСМ велат дека во 2016 годинацените на електричната енергија беа во нормален распон, од 50 или 60 еевра за мегават час.

1,590

ВМРО-ДПМНЕ со години го урнисуваше РЕК Битола а денес го злоупотребува во дневно политички цели, реагира СДСМ на кажаното од Гордана Димитриеска-Кочоска од ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес конференција.

Од СДСМ велат дека денешната хаварија на Блокот 1 во РЕК Битола е резултат на прекинот на договорот за модернизација на блокот во 2017 година кога со ЕСМ раководеше ВМРО-ДПМНЕ.

– Во 2017 година, поранешното раководство на АД ЕСМ го прекина договорот за модернизација на Блок 1 со фирмата од Германија. Тоа е истиот блок кој сега јавува најчести дефекти, како што е случај со денешниот. Од страна на новото раководство секоја година се правени редовни ремонти на блоковите, а во последните три години се направени и капитални ремонти, за чие редовно извршување роковите беа истечени и истите не беа направени од страна на директорите поставени од ВМРО ДПМНЕ – обивни СДСМ.

Оттаму тврдат дека август 2017 година кога новото раководство го презеде АД ЕСМ во РЕК Битола среде лето имало 70.000 тони јаглен на депонијата што говори дека комбинатот не бил подготвен како што тврди ВМРО-ДПМНЕ.

– Што се однесува до откривките на јаглен, не е точно дека оставиле подготвен терен за чист ископ, напротив, откривките, односно ископот на јаловина во 2017 година  беше во минус во однос на тоа што требаше да биде постигнато во дадениот момент- велат од партијата.

СДСМ тврди дека бројот на вработени не е зголемен, туку намален.

– Денес бројот на враобтени изнесува 4.482 лица, додека во 2017 бројот бил 4.892. Така што јасно се гледа кој имал намера да врши партизација и кој вршел партиски вработувања на државно ниво.Исто така, останува веќе 4 години неодговорено прашањето од страна на Христијан Мицкоски: зошто како генерален директор на АД ЕСМ, а претходно како принудна управа во РЕК Битола во својство на советник на Груевски, во јануари 2016 година набави електрична енергија по цени повисоки и од 200 евра/MWh,  во време кога немаше енергетска криза во Европа и кога цените беа во нормален распон, од 50 или 60 еевра /MWh. Истото прашање треба да го одговори и Гордана Димитриевска-Кочовска, која му беше директор за финансии на Мицкоски во АД ЕСМ? – прашува СДСМ.

 

Поврзани содржини