ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и Заев подготвуваат корона кланица, во исто време прогласуваат криза и во Штип туркаат избори

Опозициската партија посочува дека земјав 8-ма во Европа и 17-та во светот по бројот на смртни случаи на милион жители, со бројка од 671 починат на милион жители.

401

На Венко Филипче и Зоран Заев поважни им се избори во Штип и Пласница, а не здравјето на граѓаните,  реагира ВМРО-ДПМНЕ и потсетува дека изборите во овие општини се трукаат во време на зголемен број на заразени со ковид- 19 што е причина за прогласување на кризна состојба.

-Филипче зави во црно во последното деноноќие според статистиката на министерството за здравство 26 семејства. Тие семејства загубија мајки, татковци, браќа, сестри.Погрешни проценки, задоцнети и несоодветни мерки. Македонија поради Филипче и Заев руши црни рекорди. Македонија поради Филипче и Заев котира високо на регионалните, европските, како и светските листи по број на починати, а е на дното по направени тестови – велат од ВМРО-ДПМНЕ.






Од партијата посочуваат на фактите кои упатуваат на нивното тврдење.

– Македонија е на 8-ма држава во Европа и 17-та во светот по бројот на смртни случаи на милион жители, со бројка од 671 починат на милион жители.Македонија е на 16-то место во Европа, а на 31-во место во светот по бројот на заразени на милион жители, со бројка од 24.007 вкупен број на заболени на милион жители.Македонија е на 107-мо место во светот, а на 37-мо место во Европа во број на направени тестови.По број на направени тестови на милион жители во светот Македонија е на 86-то место, додека во Европа на 42-ро место, од вкупно 48 земји во Европа од статистиката на Ворлдометар, со бројка од направени 144.095 тестови на милион жители – велат од партијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ го повторуваат барањето за оставка на министерот за здравство Венко Филипче.

– Наместо Филипче да прикрива случаи кога на лица поради тоа што не им е даден кислород починале, наместо да ги прикрива сопартијците доктори, менаџери одговорни за вакви случаи, треба да замине од функцијата.Време е за одговорност! Време е за оставка на Филипче!- додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани содржини