ВМРО-ДПМНЕ ДА ГИ ДЕБЛОКИРА ЗАКОНИТЕ ЗА ЕНЕРГЕТИКА Повик од СДСМ до опозицијата да покаже конструктивност

Во период на светска економска и енергетска криза нема време за собирање ситни политички поени – му порачува СДСМ на ВМРО-ДПМНЕ.

94

ВМРО-ДПМНЕ на чело со Христијан Мицкоски да покаже конструктивност и да ги одблокира законите за енергетика и за помош во време на криза, побара денеска СДСМ.

Во соодветните комисии и на пленарните седници чекаат да бидат усвоени Законот за задолжување во Европската банка за обнова и развој од 100 милиони евра, кој што обезбедува ликвидни средства по исклучително поволна каматна стапка за работењето на ЕСМ во услови на криза. Исто така не е усвоен Законот за енергетика и неговите соодветни измени, како и Законот за нафта и нафтени резерви и Законот за спроведување на одлуката за распределба на финансиски средства, односно кратење на финансиски средства во деловите на Буџетот, коишто се со помал процент на исполнетост и нивна прераспределба кон ставки коишто се однесуваат на справување со енергетската криза.






„Партијата предводена од Христијан Мицкоски во Собранието треба да ги одблокира законите што ги кочи со месеци, а се во интерес на граѓаните и полесно пребродување на енергетската криза. Во период на светска економска и енергетска криза нема време за собирање ситни политички поени, туку е потребна посветеност и работа од сите општествени и политички чинители. Затоа е потребно ВМРО-ДПМНЕ да покаже конструктивност и да почне со работа во интерес на граѓаните“ – се вели во соопштението на СДСМ.

Поврзани содржини