ВМРО-ДПМНЕ: Четири пакети антикризни мерки, резултати нула, а економијата во рецесија
Опозициската партија оценуда дека дел од мерките кои владата ги предложи до сега не се започнати, дел од мерките поминаа неславно, а дел власта ги искористи само за поткуп на гласачи за време на предвремените парламентарни избори.
ВМРО-ДПМНЕ смета дека владата не успеа да ја подобри економската состојба во земјата иако донесе четири пакет мерки.
Според партијата, досегашните таканаречени антикризни мерки не даваат никакво подобрување во економијата, напротив секој ден таа тоне се повеќе. Дел од мерките кои владата ги предложи до сега не се започнати, дел од мерките поминаа неславно, а дел власта ги искористи само за поткуп на гласачи за време на предвремените парламентарни избори.
– Државата е во рецесија, сите економски анализи говорат дека 2021 година ќе биде полоша година за економијата од 2020 година.СДСМ брутално излажа дека до сега кај стопанството и кај граѓаните се вратени на 1.2 милијарди евра. Според пресметките и анализите до сега во овие 4 пакета на таканаречни антикризни мерки во економијата се вбризгани едвај 340 милини евра. Најпрвин лажеа дека реализацијата достигнала над 1 милијарда, па сега 1.2 милијарди, а немаат реализација ни една третина од своите лаги- велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Оттаму додаваат дека премиерот не го интересира што се случува во погодените од пандемијата сектори.
– Зоран Заев мува не го лази за апелите на малите бизниси, угостителите, хотелиерите, туристичките работници за помош во оваа економска криза за да не ги затворат своите бизниси.Стопанските комори јасно и порачаа на власта дека голем дел од мерките каснат, а дел ниту се спроведуваат. Мерката која ја предвидоа за намалување на парафискални давачки како и мерката за државна кредитна гаранција се едни од мерките кои не се започнати со никаква реализација.Доцни мерката за бескаматна кредитна линија со грант компонента преку Развојната банка. Исто така власта абер нема за реализирање на над 100 милиони евра преку развојна банка кои ги ветија преку 4тиот сет на мерките. Земјоделците ништо не видоа од ветените 3 милиони евра за финансирање на микро земјоделски субјекти кој власта го вети со третиот сет на мерки – велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата велат дека лажните ветување Заев и СДСМ им послужија само за пред избори, помош за стопанството нема, секојдневно фирми се затвораат и над 140 луѓе на ден ги губат своите работни места.
– Додека граѓаните живеат се потешко и не знаат како да го поминат месецот, Зоран Заев и мала клика од власта секојдневно се богати на грбот на секој граѓанин.Граѓаните повеќе не им веруваат на шарените лаги на Зоран Заев и СДСМ – додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.