ВЛЕГЛА ВО БОЛНИЦА И Ѝ ГО УКРАЛА ТЕЛЕФОНОТ НА ВРАБОТЕНА Приведена жена од Богданци откако го признала делото

Полицијата го пронашла мобилниот телефон и го одзела од 45-годишната жена, која по службениот разговор го признала делото.

202

Полицијата лиши од слобода 45-годишна жена од Богданци под сомнение дека украла мобилен телефон од вработена во ЈЗУ „Општа болница“ Гевгелија.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека случајот бил пријавен на 17 јули 2026 година, а полициски службеници од СВР Струмица – Одделение за внатрешни работи Гевгелија ја привеле М.П. (45) од Богданци.






Според пријавеното, жената истиот ден околу 10 часот влегла во просторија во гевгелиската болница, од каде го одзела мобилниот телефон, сопственост на една од вработените.

При службениот разговор со полицијата, М.П. го признала делото. Кај неа бил пронајден и одземен телефонот, кој ќе ѝ биде вратен на сопственичката.

За случајот бил известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија. По целосно документирање на настанот, против 45-годишната жена ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Поврзани содржини