ВЛАСТА ГИ ЗЛОУПОТРЕБУВА СОБРАНИСКИТЕ ПРОЦЕДУРИ Мицкоски на средба со Вадефул разговараше за актуелната политичка состојба

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски го информирал германскиот пратеник Јохан Вадефул, дека власта нема поддршка од граѓаните и дека се потреби итни реформи и промени кои ќе значат целосен ресет на нефункционалниот систем.

367
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска оствари средба со Јохан Вадефул, заменик шефот на владејачката парламентарна група на ЦДУ/ЦСУ во Бундестагот одговорен за прашања на надворешната работа и одбрана. На средбата се разговараше за актуелната политичка и економска состојба, информираа од ВМРО-ДПМНЕ.
„Претседателот Мицкоски го информираше Вадефул дека парламентарното мнозинство на СДСМ и ДУИ, постојано ги крши собраниските процедури и го злоупотребува европското знаменце за носење законски регулативи кои се во нивен интерес, а не во интерес на граѓаните. 





Во однос на економската состојба Мицкоски потенцираше дека македонската економија е во тотален колапс, а актуелната влада наместо да е насочена кон решавање на ова клучно прашање, насочена е кон криминал и корупција“ – стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ го информирал Вадефул, дека власта нема поддршка од граѓаните, додавајќи дека се потреби итни реформи и промени кои ќе значат целосен ресет на нефункционалниот систем.
Поврзани содржини