ВЛАДАТА ПОБАРА РАЗРЕШУВАЊЕ НА МАКРАДУЛИ ОД ДИРЕКТОР НА „ПОШТА“ На негово место доаѓа Васко Стефанов

На денешната седница Владата одлучуваше и по решенијата на Комисијата за кадровски прашања и заклучи да му препорача на Надзорниот одбор на Акционерско друштво за поштенски сообраќај Пошта на Северна Македонија да го отповика Јани Макрадули од должноста претседател на Управниот одбор и генерален директор, соопшти Владата.

1,126

Владата на денешната седница побарала од Надзорниот одбор на Акционерско друштво за поштенски сообраќај „Пошта на Северна Македонија“ да го отповика Јани Макрадули од должноста претседател на Управниот одбор и генерален директор на „Пошта“.

„На денешната седница Владата одлучуваше и по решенијата на Комисијата за кадровски прашања и заклучи да му препорача на Надзорниот одбор на Акционерско друштво за поштенски сообраќај Пошта на Северна Македонија да го отповика Јани Макрадули од должноста претседател на Управниот одбор и генерален директор и на оваа позиција го избере Васко Стефанов кој е разрешен од должноста заменик-директор на Агенција за вработување на Република Северна Македонија, соопшти владината прес-служба.

Поврзани содржини