Владата именува нови државни правобранители

636
Владата согласно добиеното позитивно мислење од Државниот правобранител, за државен правобранител во Државното правобранителство за подрачјето на Скопје ги именуваше Лепосава Веноска, Кристина Грозданоска, Елена Саздовска, Земиле Кодра и Недим Исмани, информира Владата.

 

За државен правобранител во Државното правобранителство за подрачјето на Куманово именувани се Драган Јовановски и Бесим Весели. За државен правобранител во Државното правобранителство на за подрачјето на Охрид го именуваше Агрон Речи. За подрачјето на Струмица правобранител е Татјана Донкова, за Гевгелија Мирослава Панарова, за Велес Валерија Николова, за Штип именувана е Билјана Симонова-Тасева, за Кавадарци Сузана Костова-Коцева. Ѓоко Талевски е именуван за правобранител за Битола, за Прилеп Киро Северкоски, за Кочани Олгица Јанева. За подрачјето на Тетово за правобранител именуван е Фетуш Алили, а Илбер Јусуфи е правобранител за Гостивар. За државен правобранител во Државното правобранителство за подрачјето на Струга се именува Катерина Талевска-Скепароска.

Поврзани содржини