Владата формира установа за заштита на Шар Планина

Со донесувањето на оваа одлука ќе се воспостави начин на заштита на новиот Национален Парк Шар Планина и ќе се преземат мерки за заштита на утврдените зони во националниот парк, вели Зоран Заев.

217

На 92-рата седница на Владата, се донесе одлука за основање на Јавна установа за управување и заштита на Националниот парк Шар Планина.

„Со донесувањето на оваа одлука ќе се воспостави начин на заштита на новиот Национален Парк Шар Планина и ќе се преземат мерки за заштита на утврдените зони во националниот парк“, наведе премиерот Зоран Заев на неговиот Фејсбук-профил.






Претседателот на Владата посочи дека со прогласувањето на Шар Планина за заштитено подрачје се стави под заштита и се овозможи воспоставување на систем за одржливо управување на подрачје кое е ризница на биодиверзитетот, дом на две третини од сите растителните видови во Северна Македонија и богат и ендемичен растителен и животински свет.

Поврзани содржини